Лаурентис е во опасен филм – Подготвува тужби за играчите и бара начин како да го избрка Анчелоти

Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи може да добијат тужби од сопственикот на клубот, Аурелио де Лаурентис, кому, според неговото објаснување, му се загрозени капиталот и економските права со одбивањето на фудбалерите да заминат во карантин.

Играчите на Наполи добија инструкции од Лаурентис да бидат во хотел непосредно пред мечот во Лигата на шампионите против Салцбург игран во вторникот, па сè до дуелот со Џенова, кој треба да се игра утре од 20.45 часот.

Но фудбалерите одбија да го применат таканареченото ritiro и го напуштија хотелот што беше предвиден како база за карантинот. Меѓу нив е и Елиф Елмас, па сега битката стигна на повисоко ниво откако Лаурентис одби да попушти и како што изјави за „Газета дело спорт“, мора да си ги заштити своите права и капиталот вложен во клубот.

Наводно, познатиот филмски продуцент барал од адвокатите да најдат начин веднаш да биде раскинат договорот со тренерот Карло Анчелоти. Во клубот владее молк, според новата наредба на Лаурентис.

- Оглас -

Најнови вести