Лаури веројатно го одигра последниот меч за Торонто

Кајл Лаури по цели девет години ја напушта канадската франшиза на Торонто репторс и во последниот ден од преодниот рок во НБА лигата, очекува преселба во еден од претендентите за титулата. Филаделфија, Мајами и актуелниот првак ЛА лејкерс се во битка за потписот на искусниот плејмејкер на кого му истекува договорот по крајот на сезоната.

Лаури ноќеска во победата на Торонто од 135:111 над Денвер нагетс, одигра нешто повеќе од 33 минути во кои забележа 8 поени, 9 асистенции и 5 скока, а пред крајот на средбата се простуваше со соиграчите и целиот тим чиј дрес го носи од 2012 година.

Како рекордер во постигнати тројки за Торонто, остварени тројни учиноци и апсолутен рекордер во асистенции, Лаури ги напушта Рептилите со една освоена титула во 2019 година, историска за канадската франшиза, а воедно шестпати го претставуваше Торонто на Ол-стар викендот.

Како 24-ти пик на драфтот во 2004 година, Лаури играше за Мемфис гризлис, потоа за Хјустон, а домот го најде во Торонто, кој сега мора да го напушти.

 

- Оглас -

Најнови вести