Лаутаро ќе го пропушти миланското дерби, а нема да се сретне ниту со Несторовски

Црвениот картон кој Лаутарот Мартинес го заработи минатиот викенд во ремито на Интер против Калјари му донесе суспензија на Аргентинецот од два меча.

Лаутаро нема да се сретне во недела против македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кога Нераѕурите ќе се пресметаат со Удинезе во рамките од 22-рото коло, но уште поголем хендикеп за тимот на Антонио Конте е што младиот голгетер нема да игра ниту против градскиот ривал Милан следната недела.

Дербито дела Мадонина е закажано за 9 февруари, во кое Интер ќе ја има улогата на домаќин, во обидот да остварат двоен триумф против лутиот ривал откако првата овосезонска пресметка Интер ја доби со 2-0 со головите на Лукаку и Брозовиќ.

- Оглас -

Најнови вести