Лаутаро не сака да потпише нов договор со Интер, се знае и зошто

Управата на Интер веќе извесно време се обидува да го убеди напаѓачот Лаутаро Мартинес да потпише нов договор со клубот со цел да му се тргне клаузулата од 111 милиони евра. Иако сумата е прилично висока, Нераѕурите се свесни за интересот за Мартинес, пред сè од страна на шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, кои лесно може да ја активираат клаузулата.

Интер не сака да остане без услугите на Аргентинецот, кој од оваа сезона има важна улога во составот на Антонио Конте, меѓутоа фудбалерот засега не планира да стави потпис на нова соработка, а одредени медиуми наводно знаат и зошто.

На Лаутаро му е желба да игра покрај Лионел Меси, со кого ја дели соблекувалната во аргентинската репрезентација. Мартинес воедно би бил долгорочна замена за повредениот Луис Суарес, кој полека влегува во ветеранските години. Токму Суарес го препорача Лаутаро кај управата на Барселона како негова замена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести