Лаутаро одбил мегапонуди од Саудиска Арабија само за да остане во Интер

Лаутаро Мартинес својата иднина ја гледа само во Интер и поради тоа во летниот преоден рок одбил мегапонуди од Саудиска Арабија.

Неговиот агент откри дека неколку саудиски екипи го контактирале и му доставиле неверојатни понуди, но фудбалерот ги одбил сите бидејќи не сака да си оди од Интер.

„Летово Лаутаро доби мегапонуди од Саудиска Арабија, а имаше понуди и од други екипи. Но, кога разговарам со него за иднината, тој само ми вели: „Интер, Але Интер“. Лаутаро ги сака Интер и навивачите и поради тоа не ги ни разгледа понудите“, изјави агентот на Аргентинецот, Алехандро Камано.

Интер го награди Аргентинецот со капитенската лента, а тој на фантастичен начин ја отвори новата сезона во Серија А, во првите седум кола постигна девет гола.

- Оглас -

Најнови вести