Лаутаро пресече, ќе се радуваат навивачите на новиот шампион

Лаутаро Мартинес пресече на радост на навивачите на Интер и најави дека ќе го продолжи престојот во редовите на новиот првак на Италија.

Опасниот аргентински напаѓач во изјава за „Либеро“ потврди дека долго преговарал со Барселона и постоела сериозна можност да се пресели на „Камп ноу“, но сепак вели дека е среќен што не заминал од Интер.

„Бев блиску до преселба во Барселона, преговорите беа сериозни, но, за среќа, одлучив да останам во Интер. Трансфер во Реал Мадрид? Тоа беа само шпекулации. Среќен сум во Интер, преговорите за продолжување на договорот се во тек и очекувам наскоро официјално да ставам потпис“, изјави Мартинес.

Тој е еден од најзаслужните за Скудетото што Интер го освои на четири кола до крајот на шампионатот во Италија. Лаутаро сезонава има постигнато 16 гола во Серија А, комбинирано со пет асистенции и е втор стрелец на Нераѕурите, по Ромелу Лукаку, кој даде 21 гол и има 8 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести