Лавови – Животни 6-0, ова нели е расизам?

Некои од англиските весници демонстрираа брутален расизам кон Бугарите по синоќешниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020.

Англија беше подобра од нашиот источен сосед со 6-0, а во некои весници беше објавено дека победата е на лавови (прекар на англиската селекција е три лава како што е логото на тимот) над животни и расисти.

Целиот фокус и негативна енергија беа насочени кон однесувањето на малата група Бугари кои придонесоа мечот двапати да биде прекинат. Вчера еден Англичанецот почина од предозираност со дрога, а во бугарските медиуми не пишуваше дека сите Англичани се наркомани или алкохоличари.

- Оглас -

Најнови вести