Лавовите мајстори за пенали, во финалето на Купот ќе играат со второлигашот Силекс

Македонија Ѓорче Петров и Силекс ќе играат во финалето на Купот на Македонија на 20 мај, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

За Лавовите од Ѓорче ова ќе биде четврто финале и ќе одат по вториот трофеј, по освојувањето на Купот во 2006 година. Силекс има три трофеи, последниот минатата година.

Второлигашот Силекс во полуфиналето со 1-0 во Битола го победи Пелистер, со убавиот гол на Каланоски, па кратовци имаат шанса да го одбранат пехарот кој го освоија лани.

Во Струга немаше голови, Струга Трим Лум и Македонија ЃП на пенали решаваа кој да оди во финале. Босанчиќ во првата серија ја погоди пречката, а шутот на Галевски во четвртата му го одбрани Стевковски. Ѓорчепетровци ги реализираа сите четири пенали. Ова беше трета рунда по ред во Купот во која Македонија славеше по подобро изведување на пенали.

- Оглас -

Најнови вести