Лавовите на последните два меча во Ѓорче Петров беа подобри од шампионот Шкупи, квотата за трет триумф по ред е 5.60

Сите пет натпревари од Првата македонска фудбалска лига се играат денеска во рамките на 13-то коло и сите се со почеток од 13 часот.

Дербито на колото ќе се игра во Кратово каде Силекс ја пречекува Шкендија. Ова ќе претставува дуел на четвриот и вториот тим на табелата, но разликата е само еден бод.

И двата тима се во серија од две победи, а квотите во Sport Life се примамливи за овој дуел. Мала предност им се дава на гостите и квотата за нивен триумф изнесува 1.91, а коефициентот за победа на Силекс е 3.70.

Во скопското дерби, Македонија во Ѓорче Петров го чека шампионот Шкупи кој полека влегува во форма по слабиот старт на сезоната и нанижа три победи по ред. Токму Шкупи според квотите е фаворит и коефициентот за „двојката“ е 1.53, додека доколку верувате во Лавовите кои славеа на последните два меѓусебни меча што се играа во Ѓорче Петрови, тогаш квотата е 5.60.

Предност според квотите имаат и Академија Пандев која го пречекува Работнички, Струга ТЛ исто така игра дома против Брегалница како и Тиквеш кој ја пречекува Победа.

Во понудата на Sport Life за секој меч посебно има од 533 до 536 игри и можете да се обложувате на топ-различни варијанти и комбинации по ваш избор.

- Оглас -

Најнови вести