Лавовите од Ѓорче Петров примија три, но дадоа еден многу надежен гол (видео)

Македонија Ѓорче Петров го загуби првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа против ерменскиот тим на Алашкерт со 3-1. Лавовите добро се држеа повеќе од еден час игра и имаа резултатски егал со израмнувачиот погодок на Јашаровски во 52-рата минута.

Претходно домаќините поведоа во првиот дел преку Танков, додека Секулиќ и автоголот на Бјанор му пресудија на македонскиот претставник во првата квалификациска средба од второто по квалитет европско натпреварување.

Реваншот кој ќе се игра во Скопје е предвиден за 18 јули, со почеток од 16:30 часот, а Лавовите имаат на што да се надеваат бидејќи негативата не е недостижна.

- Оглас -

Најнови вести