Лавовите официјално потврдија, Грнчаров е нов тренер на Македонија Ѓорче Петров (Фото)

Бобан Грнчаров и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Македонија Ѓорче Петров.

Лавовите откако викендов се разделија со Тони Џангаровски, веднаш стапија во контакт со Грнчаров, брзо се договорија, а денеска и официјално е потврден договорот со потпис.

Грнчаров, кој досега бил тренер само на Вардар, со кого од Втората влезе во Првата лига, нема да има лесна работа, треба да ги извлече Лавовите од дното на прволигашката табела. Утре Македонија ЃП гостува кај актуелниот првак Струга Трим Лум.

- Оглас -

Најнови вести