Лазаров дозна со кого ќе игра Нант во полуфиналето на ЛШ, па повика 35 играчи за дуелите со Србија

Селекторот на македонската ракометната репрезентација, Кирил Лазаров, со неговиот клуб Нант во полуфиналето во ракометната Лига на шампионите ќе игра против Барселона, а другиот полуфинален пар е ПСЖ – Алборг. Двата полуфинални мечеви на завршниот турнир во Келн се закажани за 12-ти јуни, додека финалето и мечот за третото место се играат на 13-ти јуни.

Лазаров денеска објави и поширок список од 35 ракометари на кои смета за двете контролни средби против Србија во Ниш, кои треба да се играат на 19-ти и 20-ти јуни. Лазаров по завршувањето на сезонава ќе ги собери играчите, сите од домашното првенство, и од нив ќе одбере кои ќе настапат на двомечот со Србите во рамките на ЕХФ неделата.

- Оглас -

Најнови вести