Лазаров и неговите ракометари ги дознаа противниците за Светското првенство!

Македонската ракометна репрезентација ги доби селекциите на Норвешка, Холандија и Аргентина во групата Ф како противници за претстојното Светскот првенство 2023.

Избраниците на Кирил Лазаров ќе се најдат пред сериозен предизвик, но сепак ќе имаат шанси за подвиг во групата.

Краков е градот во кој Македонија ќе се натпреварува на ракометниот Мундијал, кој треба да започне на 12 јануари идната година.

група А: Шпанија, Иран, Чиле, Црна Гора.
група Б: Полска, Словенија, Саудиска Арабија, Франција.
група Ц: Шведска, Уругвај, Африка 2, Бразил.
група Д: Исланд, Кореја, Унгарија, Португалија.
група Е: Германија, Африка 5, Србија, Катар.
група Ф: Норвешка, Холандија, Аргентина, МАКЕДОНИЈА.
група Г: Хрватска, САД, Африка 3, Африка 1.
група Х: Данска, Африка 4, Бахреин, Белгија.

- Оглас -

Најнови вести