Лазаров: Ќе беше предавство ако прифатев да играм за Хрватска или Унгарија!

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, викендов ја заврши својата играчка кариера, а како на една од легендите на Барселона, каталонскиот весник „Ел Мундо депортиво“ му направи интервју на Кире.

Лазаров им рече дека Барса секогаш била негов омилен клуб и со задоволство го носел тој дрес, а бројката 77 ја носел бидејќи седумката била повлечена. Бројот 7 му е посебен поради еден славен левучар кој играше кошарка, Тони Кукоч, кој му бил идол.

За можната натурализација која му ја нуделе Хрватите и Унгарците, Лазаров вели дека такво нешто не доаѓало предвид.

„Не размислував за тоа, тоа беше нешто што чувствував дека треба да го направам. Ако нешто не го чувствувате или не сте мотивирани, тогаш немојте да го правите. Знам дека ако играв за тие репрезентации, ќе освојував медали и титули, сепак тоа ќе беше и предавство кон мојата земја и затоа никогаш не прифатив“, вели Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести