Лазаров: Со толку промашени зицери, невозможна мисија е да се победи

Алкалоид е поразен во својот прв европски натпревар. Вечерва во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа загуби со 26:31 од Војводина, а тренерот Кирил Лазаров смета дека поразот се промашените зицери.

„Вчера кажав дека Војводина е подобар тим од нас и им честитам на победата, која ја заслужија. На теренот покажаа дека се подобри од нас. Не сум задоволен од играта на мојот тим бидејќи не смееме да промашуваме зицери. Мислам дека промашивме 21 шут и со таква игра невозможно е да се победи Војводина.

Во следните денови ќе ја анализираме играта. Мислам дека очекувавме тежок натпревар, тешко беше да се надигра тим како Војводина. Мислам дека нашата одбрана не беше проблемот, туку нападот, каде што промашивме доста зицери. Нашиот најголем проблем беше нашиот напад, поточно добрата одбрана на Војводина“, вели Лазаров.

Мартин Серафимов, кој постигна четири гола на мечот, вели дека ќе се анализира играта и мора да се извлечат поуки од овој натпревар.
„Сакам да ѝ честитам на Војводина на победата. Промашивме доста шутеви, во наредните денови ќе ја анализираме играта и убеден сум дека во иднина ќе играме сè подобро.

- Оглас -

Најнови вести