Лаже си поднесе оставка по последната бламажа на Бенфика

Само еден триумф во петте кола по продолжувањето на сезоната за Бенфика значеше препуштање на врвот на Порто, по што Орлите практично останаа без шанси да ја одбранат титулта во Примеира. По вчерашниот пораз кај Маритимо, тренерот Бруно Лаже одлучи да даде оставка поради слабите резултати.

Португалскиот стратег кој пристигна кон почетокот на 2019 година и во минатата сезона ја донесе титулата за Бенфика, одлучи дека е подобро двете страни да се разделат. Екипата играше очајно под негово водство во петте меча по рестартот на сезоната, во кои Бенфика претрпе два порази, две ремија и оствари само една победа.

На пет кола до крајот на првенството, Бенфика остана без стратег и засега не е познато кој ќе го наследи Лаже на клупата.

- Оглас -

Најнови вести