Лажна понуда за Фабијански и мега измама за Свонси

Агенти на спортската агенција „Шпилерат“ направиле лажна понуда за голманот Лукаш Фабијански во 2015 година со цел да изнудат поголема плата за својот клиент.

Тројца членови на агенцијата испратиле непостоечка понуда наводно од Баер Леверкузен за Фабијански, кој тогаш бранеше за Свонси. И барале зголемување на неделната плата за полскиот голман од 35 илјади фунти на 50 илјади.

Фабијански од Арсенал во 2014 година како слободен играч, односно голман се пресели во Свонси и потпиша 4-годишен договор, но од „Шпилерат“ не биле задоволни со неделната плата на Полјакот, па се обиделе со измама да изнудат повеќе пари.

Секако Фабијански не е вмешан во скандалот што го објави „Дер Шпигел“.

- Оглас -

Најнови вести