Лазиќ ја фрли во ветар победата на Црвена ѕвезда во Истанбул

Капитенот на Црвена ѕвезда, Бранко Лазиќ, реагираше неискусно во финишот на мечот и загуби клучна топка за пораз на гостите во Истанбул против Фенербахче.

На малку повеќе од една минута, Лазиќ несфатливо ја фрли топката во аут, а во тој момент Црвена ѕвезда беше во напад при негатива од 63:64.

Потоа казни Никола Калиниќ, уште еден играч што настапувал за „црвено-белите“, но овојпат беше во улога на меч-винер за Фенербахче, екипа што славеше со 66:63 во меч од 27-мото коло во Евролигата.

Интересно е што само тројца кошаркари успеаја да постигнат двоцифрен број поени.

Кај Фенербахче само Калиниќ имаше десетка, а кај гостите Пантер и Браун постигнаа по 14 поени.

- Оглас -

Најнови вести