Леао двапати асистираше, Милан повторно е лидер во Серија А (Видео)

Милан го совлада Лацио со 2-0 и Росонерите се вратија на чело на табелата со три бода повеќе од градскиот ривал Интер кој има и еден меч помалку.

Стрелци беа Пулишиќ и Окафор, а асистент при двата погодоци беше Леао, кој на пет меча по ред во Милано има или гол или асистенција.

Продолжи очајната традиција на Лацио на гостувањата на „Сан Сиро“. Римските Орли од последните 34 гостувања кај Милан во мечеви од Серија А, победиле само еднаш.

Погледнете го волејот на Американецот Пулишиќ за водство од 1-0:

- Оглас -

Најнови вести