Лебедите на 29 мај ќе слетаат на „Вембли“ – Против Брентфорд ќе се бие битка за пласман во Премиер лигата

Ремито од 1-1 меѓу Свонси и Барнсли во реваншот, значеше дека Лебедите ќе играат меч за пласман во Премиер лигата против Брентфорд на 29 мај. На „Вембли“ ќе се бие битката за придружување на Норвич и Ватфорд во англиската елита, а Свонси веќе трета година чека на камбек во најквалитетното фудбалско натпреварување на Островот.

Свонси во првиот меч славеше со минимални 1-0 на гости кај Барнсли, па овој резултат од вечерва им беше повеќе од доволен да се најдат во финалето од разигрувањата. Грајмс во 39-тата минута ги израдува домаќините, а Вудроу во 71-та минута ги постави конечните 1-1 на „Либерти“ стадионот.

Претходно денес Брентфорд ја анулираше негативата од еден гол против Борнмут, триумфираше со 3-1 и втора сезона во низа ќе игра во финалето од плејофот во Чемпионшип, откако лани загуби од Фулам.

- Оглас -

Најнови вести