Наполи го победи Кремонезе со 4-0 и си ги зголеми шансите да заврши како втор во Серија А. Наполитанците имаат три бодови повеќе од третиот Милан, а Росонерите имаат и одиграно меч помалку.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не беше стартер, влезе во игра во 75-та минута на местото на Кевин Де Бројне кој даде гол, негов 100-ти во кариерата во топ 5 лигите. Белгиецот вечерва првпат даде гол од игра во Серија А, досега во дресот на Наполи погодуваше од прекини. Голема заслуга за неговиот гол има и Скот Мектоминеј кој со атрактивен потег ја спаси топката да не излезе во гол-аут и малку потоа Де Бројне даде гол кој може да го погледнете ТУКА.

