Леброн Џејмс е како временска машина, на 37 години е подобар, отколку на 20 (Видео)

Леброн Џејмс е како временска машина и не му требаше многу да блесне, на вториот меч откако се врати во НБА лигата по повредата на бутниот мускул.

Ноќеска им одигра симултанка на кошаркарите на Сан Антонио спарс со 39 поени, 11 скока, 7 тројки и 10 од 10 погодени слободни фрлања.

Лос Анџелес лејкерс славеа со 143:138, а на Џејмс веднаш му направија споредба, како игра и погодува сега на 37-годишна возраст и како тоа го правеше на ист ден во 2005 година. Тогаш имаше само 20 лета и бројките се фрапантни и многу слични.

 

Цепелинот што го изведоа со Расел Вестбрук покажа какви атлети се и Кралот Џејмс и Рас, кој постигна 11 поени со 7 скока и шест асистенции.

 

Вестбрук во еден момент доживеа незгодна повреда на челото кое крвареше по грубиот фаул на Зак Колинс, но брзо беше санирана, а беше избегнат и поголем инцидент и физичка пресметка.

Во неверојатна форма сезонава игра Шеј Гилџиус-Александер, кој носќеска постигна 32 поени и пак ја мина границата 30, но неговиот тим Оклахома сити тандерс загуби во Хјустон со 118:105.

Шеј е четврти стрелец во НБА со просек од 31 поен, што е едно од најголемите изненадувања во најсилната кошаркарска лига на светот.

Во неизвесни натпревари Торонто го победи Далас со 105:100, а Феникс славеше против Јута џез со 113:112.

 

- Оглас -

Најнови вести