Леброн Џејмс нема намера да сопре: Потпиша нов двегодишен договор и ќе заработи над 100 милиони долари

Леброн Џејмс потпиша нов договор со Лос Анџелес лејкерс според кој во следните две години ќе заработи 104 милиони долари. Легендарниот Џејмс има 39 години и е најстар активен играч во НБА. Ако ги одработи и следните две години, ќе комплетира неверојатни 23 сезони во најсилната лига во светот.

Со договорот кој го потпиша, Леброн се осигури дека нема да биде „трејдуван“ ако тој самиот не се согласи. Тој бил согласен да добие и 20 милиони долари помалку во договорот ако Лејкерс решат да доведат еден од Пол Џорџ и Клеј Томпсон, но тоа не се случи.

Во минатата сезона, која беше 21-ва за Леброн, тој имаше просек од 25,7 поени, 7,3 скока и 8,3 асистенции по меч, а погодуваше 41 отсто од шутевите за тројка, што е негов најдобар процент.

Во сезоната која следи, во НБА треба да биде испишана историја во која Џејмс ќе заигра заедно со својот син Брони јуниор Џејмс, кој беше избран како 55-ти пик на драфтот, и тоа од ЛА лејкерс.

- Оглас -

Најнови вести