Леброн доби „банани“ од Адетокумбо што ќе ги памти цел живот (Видео)

Тимот на Леброн Џејмс победи во можеби најнеобичниот Олстар-меч во историјата. Дуелот кој во последната четвртина немаше време кога ќе заврши, туку беше потребен лимит на постигнати поени, на крајот заврши со триумф на екипата на Леброн од 157:155, иако во поголем дел од претходните три четвртини, тимот на Јанис Адетокумбо имаше водство.

Токму капитените имаа интересни дуели, а иако Леброн го доби мечот, Јанис може да се пофали со два одлични дефанзивни потега. Адетокумбо успеа да му подели две атрактивни блокади на Џејмс. Во моментите кога мечот се одлучуваше, Леброн реши сам да оди на положување, имаше отворен пат кон кошот, но Јанис успеа да го стигне и од позади му ја залепи топката на таблата. Иако Леброн делуваше сигурен дека треба да бидат поени, судиите досудија дека тоа е „банана“, и тоа навистина спектакуларна како ретко кога добива Џејмс.

https://youtu.be/Io9wyPzW1nU

Во втората ситуација Леброн се обиде од свртување да погоди, но и во тој момент Адетокумбо успеа да го блокира.

- Оглас -

Најнови вести