Леброн е првиот кошаркар во историјата на НБА со 40.000 поени, но забавата му ја расипаа Денвер и Јокиќ (Видео)

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, влезе во историјата на НБА лигата како прв играч кој ја пробил магичната граница од 40.000 поени во регуларниот дел од сезоната. За таво остварување, синоќа му беа потребни само девет поени, до кои дојде во втората минута од втората четвртина на натпреварот против актуелниот НБА шампион, Денвер нагетс. Леброн Џејмс мечот го заврши со 26 поени.

Сепак, свечената атмосфера и прославата во Лос Анџелес ја расипаа Никола Јокиќ и Денвер, кои на крајот си заминаа со победата од „Крипто ком арената“ со 114-124.

ЛА Лејкерс на полувремето имаше предност од осум поени разлика, но водството се стопи во третата четвртина, а победата за Денвер дојде кон крајот на натпреварот со серија од 9-0. Никола Јокиќ беше одличен и постигна 35 поени, на кои додаде и 10 скока, но посебно за истакнување е ефектот на Портер кој мечот со заврши со максимален учинок од 10/10 од поле, од кои пет шута беа за тројка. Освен 25-те поени на Портер, одлична партија имаше и Мареј кој додаде 24 поени во победата на Денвер.

Резултати:

Бруклин – Атланта 114-102
Мајами – Јута 126-120
Мемфис – Портланд 100-107 (95-95)
ЛА Лејкерс – Денвер 114-124
Феникс – Хјустон 109-118

- Оглас -

Најнови вести