Леброн го помина легендарниот Меџик и стана шести најдобар асистент во историјата на НБА Лига (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс во највозбудливиот натпревар во НБА лигата што се играше утринава, славеа со 133:129 над Милвоки бакс и тоа како гости.

Првата ѕвезда на Миквоки, Јанис Адетокумбо одигра фантастичен натпревар со 40 постигнати поени, но и Лејкерс имаа ѕвер во својот тим кој беше поефикасен. Ентони Дејвис даде 44 поени и имаше уште 10 скока и му донесе триумф на својот тим, кој е четврти во последните пет натпревари.

Но, натпреварот помина во сенка на рекордот на Леброн Џејмс и неговите 28 поени и 11 асистенции за ЛА Лејкерс кои сега имаат скор 9-12 и се наоѓаат на 12-та позиција на табелата во Западната конференција.

Леброн Џејмс со 11-те асистенции го помина легендарниот Ирвин Меџик Џонсон на шестото место на вечната листа на најдобри асистенти. Џејмс дојде до бројката од 10.142 асистенции, додека Џонсон има една помалку, а се очекува до крајот на сезоната, кошаркарот на Лејкерс да се искачи уште некое место погоре на вечната листа место бидејќи му недостасуваат само 192 асистенции за да го помине и Марк Џексон, а 193 за да биде подобар од Стив Неш.

Милвоки останува втор на табелата на Истокот со ској 15-6, а одлична вест за тренерот Мајкл Буденхолцер и покрај поразот е враќањето на терените на Крис Мидлтон кој постигна 17 поени.

Мајами хит не дозволи две вечери по ред да загуби од Бостон селтикс, и утринава како гостин победи со 120:116 и тоа по продолжението од пет минути. Во редовите на Бостон потфрли Џејсон Тејтум кој даде само 14 поени и имаше 12 скока иако е четврти стрелец во НБА со 30.8 поени по натпревар. Џејлен Браун беше најдобар кај Бостон со 37 поени, додека во редовите на Мајами се истакнаа Бем Адебајо со 28, Тајлер Хироу со 25 и Џими Батлер со 25 поени.

Изненадувачки, најдобриот тим на Западот, Феникс санс доживеа пораз на домашен терен од најслабиот во истата конференција, Хјустон рокетс со 121:122, а Голден Стејт предводен од 30-те поени на Џордан Пул беше подобар од Чикаго со 119:111.

Резултати: Шарлот – Вашингтон 117:116, Атланта – Денвер 117:109, Бостон – Мајами 116:120, Бруклин – Торонто 114:105, Кливленд – Орландо 107:96, Милвоки – ЛА Лејкерс 129:133, Мемфис – Филаделфија 117:109, Сан Антонио – Њу Орлеанс 99:117, Феникс – Хјустн 121:122, Јута – Индијана 139:119, Голден Стејт – Чикаго 119:111.

- Оглас -

Најнови вести