Леброн го шокира целиот кошаркарски свет: „Размислувам за пензија“ (Видео)

ЛА лејкерс неочекувано доби „метла“ од Денвер и е елиминиран во конференциското финале. Сепак, она што ги загрижува кошаркарските вљубеници од целиот свет е најавата на Леброн Џејмс дека размислува за пензија.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата ги остави сите во недоумица по изјавата дека ќе размисли дали ќе продолжи да игра.

„Ќе видиме, не знам, не знам што ќе биде. Имам многу за размислување. Оваа сезона беше кул возење, но не знам. Не можам да кажам дека тоа беше успешна сезона за клубот бидејќи во оваа фаза од мојата кариера не играм за ништо друго освен за освојување на НБА-прстен. Не сум среќен што не отидовме во финалето“, изјави Леброн Џејмс, па кусо прокоментира:

„За што размислувам? За тоа дали ќе продолжам да играм следната сезона. Дали заминувам? Морам да размислувам за сè.“

- Оглас -

Најнови вести