Пази шанк – Леброн ја фаулираше пресреќната конобарка (Видео)

Во НБА се служат пијалоци и храна непосредно крај теренот, а во една таква ситуација се случи урнебесен момент во кој учествуваше еден од најдобрите играчи на сите времиња, Леброн Џејмс.

При движењето не ја забележа конобарката зад себе, крај аут-линијата и ја турна, но потоа веднаш ја прегрна во знак на извинување.

Моментот што изгледаше многу смешно не го поремети ритамот на Кралот Џејмс, кој одигра одличен меч против Портланд и го заврши мечот со 31 поен, 7 скока и 8 асистенции во победата на Лос Анџелес лејкерс од 136:113. Прв стрелец беше Ентони Дејвис со 39 поени, а кај домаќините Демиен Лилард забележа 29 поени.

- Оглас -

Најнови вести