Леброн и Јокиќ се незапирливи и газат сè пред себе (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Леброн Џејмс со своите тимови Денвер нагетс и Лос Анџелес лејкерс имаа нови маестрални партии.

Србинот во редовите на тимот од Колорадо забележа 33 поени десет скокови и седум асистенции и три скокови во победата над Сакраменто кингс од 121:111.

Лос Анџелес лејкерс, пак, беа поубедливи против Атланта хокс (134:118), додека Леброн имаше од 32 поени осум скокови и девет асистенции.

Актуелниот првак Милвоки, пак, беше убедлив против Бруклин на гостински терен и победи со 109:121, додека Јанис Адетокумбо постигна 31 поен а имаше и седум скока и девет асистенции.

НБА

Филаделфија 76-ерс – Сан Антонио спарс 119:100

Бруклин нетс – Милвоки бакс 109:121

Торонто репторс – Јута џез 122:108

Чикаго булс – Вашингтон визардс 130:122

Хјустон рокетс – Далас маверикс 106:130

Оклахома сити тандер – Минесота тимбервулфс 105:135

Денвер нагетс – Сакраменто кингс 121:111

Лос Анџелес лејкерс – Атланта хокс 134:118

Портланд трејлблејзерс – Кливленд кавалирс 101:114

- Оглас -

Најнови вести