Леброн ќе доминира против најголемиот ривал

8359 Леброн Џејмс (Лос Анџелес лејкерс – Голден Стејт ворирорс, 02:30 часот)

Голден Стејт е најголемиот ривал на Леброн Џејмс. Сигурно се сеќавате на легендарните финални серии кога „кралот“ беше дел од Кливленд и кога против „сплеш“ браќата водеа епски битки.

Леброн го промени тимот, но ривалството остана, иако лејкерс во оваа сезона благо кажано играат навистина лошо.

Сепак, тој ќе биде подготвен да го даде максимумот и да ја префрли границата од 30 поени.

Предлог тип: >29.5 (1.80)

8001 Далас маверикс – Сакраменто кингс (23:00 часот)

Љубителите на НБА лигата во Европа имаат шанса да го проследат Лука Дончиќ во нова блескава партија, овојпат против Сакраменто.

Далас е во добра форма и е на петтото место во Западната конференција, додека Сакраменто е под број 13.

Во меѓусебната историја, Далас има 53 победи, додека вечерашните гости 40 пати се радувале на победата. Но ние типуваме на победа на тимот од Тексас со повеќе од 9 поени.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -8.5 (1.93)

8418 Мајами хит – Филаделфија 76-ерс (02:00 часот)

Ова е најинтересниот натпревар од вечерашната програма во НБА лигата. Двете екипи се на самиот врв во Источната конференција, но „жешките“ се тие што се на првото место.

Филаделфија со доаѓањето на Џејмс Харден стана еден од највозбудливите тимови за гледање, па затоа и оваа средба ќе биде супер интересна за гледање.

8417 Минесота тимбервулфс – Портланд трејблејзерс (02:00 часот)

Домаќините се апсолутни фаворити на оваа средба, а тоа пред сè е така поради големиот број на отсуства во Портланд.

Демијан Лилард, Јусуф Нуркиќ, Џо Инглс, Ерик Бледсоу се само дел од играчите кои што нема да настапат на оваа средба, додека ростерот на Минесота е потполно здрав и сите се на строј.

Карл Ентони Таунс е подготвен да му донесе победа на својот тим со што ќе ја продолжат борбата за топ шест на Западот со што ќе се пласираат во плеј-офот.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -14.5 (2.00)

8419 Мемфис гризлис – Орландо меџик (02:00 часот)

Мемфис оваа сезона игра фантастично и е едно од најголемите изненадувања во НБА, додека Орландо е на самото дно на Источната конференција, и практично ова се одлични натпревари за младите играчи да стекнат искуство.

Победата никако не би требала да биде под знак прашалник за домаќините, кои без многу напор и преоптоварување на ѕвездите ќе ја продолжат одличната натпреварувачка година.

Предлог тип: 1&<230.5 (2.22)

- Оглас -

Најнови вести