Леброн „леташе“ во „Стејплс центарот“, но Хјустон е на ракетен погон

Хјустон рокетс победи со 121:111 на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс во дербито на Западната конференција. Мечот беше неизвесен, двата тима се менуваа во водство, но на крајот гостите беа поконцентрирани во финишот. Лос Анџелес водеше со 108:107 пред крајот, но домаќините наместо да се обидат да стигнат до победа, во клучните моменти попуштија. Хјустон со серија од 14:3 во финишот, на крајот стигна и до победа со двоцифрена разлика.

Расал Вестбрук беше незадржлив и даде 41 поен за гостите, па успешно ги надополни само 14-те поени на Џејмс Харден. За Хјустон ова беше 33-та победа во 51-виот меч сезонава. Лејкерс е во мини криза, па на свој терен го претрпе третиот пораз во последните четири средби. Дејвис даде 32 поени, Леброн стигна до 18 поени, но тоа беше премалку за радост на крајот.

За разлика од Лејкерс, најдобриот тим на Истокот, Милвоки, продолжува со победи. Бакси без многу мака славеа против Филаделфија со 112:101, а Адетокумбо беше неверојатен со 36 поени и 20 скока. За Милвоки ова беше 44 победа во 51 дуел сезонава.

Во останатите мечеви кои се играа во НБА: Њујорк – Орландо 105:103, Чикаго – Њу Орлеанс 119:125, Портланд – Сан Антонио 125:117.

- Оглас -

Најнови вести