Леброн не е како порано: Наместо кош за победа, „изеде банана“ (Видео)

Њујорк никс го победија Лос Анџелес лејкерс во меч кој беше неизвесен до самиот крај. По многу неизвесност во „Медисон Сквер Гарден“, последниот напад беше решавачки. Њујорк водеше со 124:123, а во напад беше Лејкерс.

Очекувано, топката беше кај Леброн Џејмс, кој бараше изолација и игра еден на еден со Марио Хезоња. Низ блескавата кариера, Џејмс на ваков начин решавал многу натпревари. Сепак, дека веќе не е исто како порано, Џејмс почувствува во дуелот со Хезоња.

Хрватот одлично го чуваше и на крајот успеа да го изблокира Џејмс, а Њујорк се израдува на победата. На Леброн џабе му беа 33 поени, осум асистенции и шест скока.

- Оглас -

Најнови вести