Леброн се поздрави со Коби и веднаш даде тројка (Видео)

Лос Анџелес лејкерс стигна до 11-тата победа во 13-тиот меч сезонава откако во својот „Стејпл центар“ без поголеми проблеми ја победи Атланта со 122:101. По подолго време на овој меч во првиот ред од публиката беше Коби Брајант. Поранешната супер ѕвезда на Лејкерс уживаше во шоуто кое го приредија Леброн Џејмс и соиграчите.

Џејмс беше незадржлив и даде 33 поени за 33 минути поминати на теренот, а имаше и 12 асистенции и 7 скока. Лејкерс уште на самиот старт од мечот покажа дека победата ќе биде за домаќините. По шест минути игра, домаќините водеа со 24:5, а интересен момент се случи пред Џејмс да ја постигне тројката за предност од 19 разлика.

Леброн дојде до Коби Брајант и се поздрави со него додека топката беше во аут. Веднаш потоа, Џејмс го зеде баскетот и погоди тројка за убедлива предност на Лејкерс само по 6 минути игра.

Во останатите мечеви кои се играа во НБА: Мемфис – Денвер 114:131, Орландо – Вашингтон 125:121, Њу Орлеанс – Голден стејт 108:100, Сакраменто – Бостон 100:99, Филаделфија – Кливленд 114:95.

- Оглас -

Најнови вести