Леброн се врати во Кливленд, но овојпат ги разочара домашните фанови (Видео)

Леброн Џејмс повторно се врати во Кливленд и доби овации од домашните навивачи, но овојпат тој беше нивни ривал. Најдобриот кошаркар во клупската историја на овој клуб летоска се пресели во Лос Анџелес лејкерс. Иако си замина од Кливленд, Џејмс одигра уште еден блескав меч на паркетот каде што најмногу има настапувано.

Заврши со 32 поени, 14 скока и 7 асистенции, а Лејкерс победи со 109:105. Џејмс уште еднаш покажа дека е најдобар кога е најпотребно. Постигна девет од последните 14 поени за гостите, а домашните играчи немаа одбрана за него. Кливленд дополнително може да жали бидејќи само на неколку минути пред крајот имаше предност од 96:87, но не ја задржа. Без Леброн, Кливленд сезонава е најслаб тим во лигата и има само две победи и 14 порази.

Резултати: Шарлот – Индијана 127:109, Филаделфија – Њу Орлеанс 121:120, Атланта – Торонто 108:124, Бостон – Њујорк 109:117, Чикаго – Феникс 124:116, Кливленд – ЛА лејкерс 105:109, Хјустон – Детроит 126:124, Милвоки – Портланд 143:100, Минесота – Денвер 101:103, Далас – Бруклин 119:113, Сан Антонио – Мемфис 103:104, Јута – Сакраменто 119:95, Голден Стејт – Оклахома 95:123.

 

- Оглас -

Најнови вести