Леброн си го знае Кливленд на прсти – Го растури поранешниот тим со рекордни 46 поени (Видео)

Леброн Џејмс одигра кралска кошарка против својот поранешен тим Кливленд кавалирс и со рекордни за него сезонава 46 поени ги предводеше Лос Анџелес лејкерс до победа од 115:108.

Џејмс погоди 7 тројки од 11 обиди и на 46-те поени им додаде и 8 скока и шест асистенции во ноќта кога му се оддаде почит на Коби Брајант.

„Легендите никогаш не умираат“, изјави Леброн Џејмс, сеќавајќи се на големиот ас Брајант, кој трагично го загуби животот, на денешен ден пред една година.

Дербито во Западната конференција меѓу Далас и Денвер им припадна на гостите со 1113:117, а повторно блескаше Лука Дончиќ.

Асот на Маверикс повторно забележа трипл-дабл со 35 поени, 11 скока и 16 асистенции, но неговиот тим загуби. Џамал Мареј кај Денвер беше исклучен на мечот за неспортски потег, а Јокиќ и Портер со вкупно 50 поени беа лидери на Нагетс во новата победа.

- Оглас -

Најнови вести