Леброн со остра критика кон соиграчите: Навикнати се на порази

ЛА лејкерс по импресивното издание во победата над Хјустон (111:106), загубија на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс со 128:115, иако домаќините играа без најдобриот поединец, Ентони Дејвис.

По мечот, Леброн Џејмс без многу влакна на јазикот творено говореше за своите соиграчи, нивната навика да трпат порази и што значи да се игра во плејоф.

„Претходниве неколку години тие се навикнаа на порази, јас не можам да трпам да губам. Едноставно не сум таков човек и играч. Исто е чувството да го загубиш првиот натпревар од Хјустон и 59-от од Њу Орлеанс, во сите сегменти непријатно. Мораме да научиме да се носиме со притисокот. Понекогаш се чини дека се плашиме да излеземе од комфорната зона и од старт да играме како што сакаме, мора да го отстраниме стравот од неуспех. Ако не знаеш што значи да целиш високо (мисли на пласман во плејоф), тогаш не знаеш колкав е влогот и што значи да се биде дел од разигрувањата, борбата за шампионски прстен“, истакна Џејмс.

До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат 23 натпревари, Лејкерси моментално се 10-ти на табелата на Западот, со учинок од 29-30.

- Оглас -

Најнови вести