Лече даде ефектен автогол но и гол па дојде до првата победа во Серија А (ВИДЕО)

Екипата на Лече дојде до првиот триумф во Серија А по влегувањето во елитата, откако на гостински терен ја совладаа Салернитана со 2:1 во првиот меч од седмото коло.

Гостите поведоа со голот на Асан Кесај во 43-та минута, додека израмнување за домаќините донесе Жоан Гоназалез кој што си постигна ефектен автогол во 55-та минута.

Тој по еден изведен корнер на домаќините, сакаше повторно да ја избие топката во корнер, но таа заврши ефектно во мрежата на својот голман.

Сепак со прекрасниот гол на Габриел Строфеза во 83-та минута, Лече дојде до првата победа, со што сега има шест бода и е на делба на 14-то место.

- Оглас -

Најнови вести