Лече со услуга за Јувентус, му украде бодови на Интер

Интер освои само бод на гостувањето кај Лече при конечни 1-1. Нероаѕурите пропуштија шанса да избијат на врвот на табелата и да бидат лидери барем до дуелот Јувентус – Парма, меѓутоа составот на Антонио Конте потфрли во тој обид.

Гостите не искористија бројни шанси во првото полувреме, па и за тој еден гол доста се намачија. За 0-1 стрелаше младиот дефанзивец Бастони, само четири минути по неговото влегување во игра, додека Лече израмни за само пет минути преку Манкосу.

Интер ќе остане на второто место во Серија А по 20 натпревари со 47 бода, еден помалку од шампионот Јувентус, додека Лече стои веднаш над црвената зона со 16 бода.

И на останатите две средби се одиграа ремија: Болоња 1-1 Верона, Бреша 2-2 Калјари.

- Оглас -

Најнови вести