Леганес има нов херој: Ен Несири брои повеќе погодоци од Бејл

Леганес убедливо го совлада тимот на Бетис со конечни 3-0 во мечот од 23-тото коло во Ла Лига. Домаќините се радуваа на нови три бода благодарение на Мароканецот Јусеф Ен Несири.

Напаѓачот на Леганес ги постигна сите три гола против андалузиската екипа, па така застана пред ѕвездата на Реал Мадрид Герет Бејл, на листата стрелци во шпанското првенство. Со неговиот хет-трик, 21-годишниот Ен Несири сега брои осум гола, додека Бејл сезонава постигна само шест погодоци.

Леганес воедно го оствари и седмиот триумф во првенството, па со 29 бода стои на 11-тото место, додека Бетис деветти пат сезонава трпи разочарување, па по ова коло ќе остане со 32 бода, а може да го загуби шестото место при евентуални победи на Валенсија, односно Алавес.

- Оглас -

Најнови вести