Легендарен клуб е со четири европски круни, вечерва му се случи потоп и најтежок пораз во 98-годишната историја

Југ, четирикратниот европски првак во ватерпло, го доживеа најтешкиот пораз во богатата клупска историја откако вечерва беше поразен од Про Реко во Италија со 18:3.

Про Реко е рекордер со 8 шампионски круни во Европа и беше голем фаворит против екипата од Дубровник, но веројатно ниту самите не очекуваа победа од 15 гола разлика.

Југ е клуб со оргомна традиција и респект во светот на ватерполото, постои 98 години, но вечерва беа потопени од Италијанците. Гостите постигнаа само еден гол во првите три периоди, а и тој го дадоа од петерец.

Домаќините беа апсолутно доминантни во дербито на двете непоразени екипи до овој меч во А групата од Лигата на шампионите, а на полувремето веќе водеа со 8:1 и по три периоди со убедливи 14:1.

Про Реко остана на врвот на табелата со сите пет победи, а Југ е на второто место со четири победи и највисокиот пораз во 98-годишната историја.

- Оглас -

Најнови вести