32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Легендарната Серена победи прв пат по 14 месеци пауза

Прославената американска тенисерка Серена Вилијамс уште не се предава. Иако за еден месец ќе полни 41 година, Серена уште се натпреварува на ВТА-турнири, а на мечот во Тороно успеа да ја победи Нури Паризас-Дијас од Шпанија, која е на 57-мото место на ВТА-листата.

Легендарната Серена победи со 6:3, 6:4, што е нејзин прв триумф на ВТА-турнирите по пауза од 14 месеци.

„Сепак, постои светло на крајот од тунелот. Се чини дека се приближувам до светлото. Едвај чекам да го здогледам светлото“, рече Вилијамс по победата.

Серена стана само четвртата тенисерка во историјата која по прославата на 40-тиот роденден успеала да победи на ВТА-меч. Претходно тоа им успеало само уште на нејзината сестра Винус, потоа Јапонката Кимико Дате и Мартина Навратилова.

За Серена ова беше вкупно 35-та победа на Отвореното првенство на Канада и стана најуспешна тенисерка на овој турнир.

- Оглас -

Најнови вести