Некогашниот американски фудбалски репрезентативец Алекси Лалас, кој сега работи како спортски аналитичар, на својот твитер-профил даде неколку „луди“ идеи за тоа што би можело да се смени во најважната споредна работа во светот, да стане уште повозбудлива.
Лалас има дури 96 настапи за САД, а беше дел и од историската генерација која настапи на Мундијалот во 1994 година. Потоа беше првиот Американец кој заигра во Серија А за тимот на Падова. Некогашниот дефанзивец ја заврши кариерата во 2003 година во тимот на Лос Анџелес галакси, а многумина сметаат дека неговите идеи не се баш најдобри. Еве ги предлозите на Лалас.
- Да се зголеми голот.
- Два поени за погодоци надвор од шеснаесетникот (тука нема објаснето дали мисли на голот да вреди како два или да се доделат два бода по завршување на средбата на екипата која погодила).
- Наместо пенал од 11 метри, најстрогата казна да се изведува со тргнување на играчот од центарот (Ова во минатото се користеше во САД).
- Аутот да се изведува со нога.
- Наместо картони, играчите кои треба да бидат санкционирани да бидат седнати на клупа одреден период, како што е во хокејот и ракометот.
- Офсајд да не се суди доколку тоа е на повеќе од 30 метри од противничкиот гол.
- Секој допир на топката со рака да биде санкциниран.
How would improve ⚽️? Examples:
– Make goals bigger
– 2-pts for goals outside penalty area
– 35yd shootout instead of PKs
– Kick-in option on throw-in
– Hockey “penalty box”for player punishment
– Offside only applies last 35-yds
– Handball simply any ball contact with hand/arm— Alexi Lalas (@AlexiLalas) December 28, 2022

