Легендарниот Берлускони на трибина се љуби со 53-години помладата девојка (Видео )

Некогашниот газда на Милан и поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони, уште е активен на фудбалски план. Берлускони е газда на екипата на Монца, која се натпреварува во Серија Б.

Монца вчера играше дерби за врвот против Пиза и тимот на Берлоскони поведе по само осум минути игра. За голот на Монца, Берлускони доби сочен бакнеж од атрактивната плавуша која седеше покрај него.

Тоа е Марта Фаскина која има 32 години и веќе две години е во врска со Берлускони, кој и на 85 години покажа дека има активен љубовен живот.

Монца водеше со 1:0, но на крајот загуби со 1:2 на свој терен, па тимот на Берлускони остана на 41 бодови и е на петото место, додека Пиза е втора со 45 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести