Легендарниот фудбалер кој е три години постар од ПСЖ си најде нов клуб!

Најстариот фудбалер на светот, легендарниот Јапонец Казујоши Миура, денеска, на 11-тиот ден во првиот месец од годината, во 11.11 часот обелодени дека има нов клуб во кој ќе ја продолжи играчката кариера почната во 1986 година.

Миура, кој следниот месец ќе наполни 55 години, врсник е со Јирген Клоп, а на пример, роден е три години пред формирањето на Пари Сен Жермен.

Нов клуб на популарниот Казу е Сузука Поинт гетерс, кој е јапонски четвртолигаш. Тренер на овој тим е неговиот брат Јасутоши, кој има 56 години.

- Оглас -

Најнови вести