Легендарниот Галијани бара Брегзит Суперлига без англиски клубови

Адријано Галијани, легендарниот поранешен генерален директор на Милан, сега со истата функција во Монца вели дека на фудбалот во Европа му треба Суперлига, но без англиските клубови.

Галијани објаснува дека треба да има фудбалски Брегзит бидејќи Премиер лигата на Англија е премногу силна за останатите лиги во Европа и ним не им треба Суперлига бидејќи веќе ја имаат.

„Дваесет клубови во англиската Премиер лига заработуваат скоро четирипати повеќе од италијанските екипи во Серија А. Еве, како за пример да го земеме новиот прволигаш Нотингам форест. Тие веќе добија 160 милиони фунти само при влезот во Премиер лигата.

Монца има прилив од 33 милиони евра од ТВ-правата, или шест-седум пати помалку од Нотингам форест. Како да се натпреаруваме со нив? И дали на Англичаните воопшто им треба да играат во Суперлига на Европа? Најдобро е да не ги чекаме и да формираме нов систем на натпреварување без нив. И Брегзитот фудбалски да трае сè додека не им се доближиме до момент кога и за нив Суперлигата би станала атрактивна“, вели Галијани.

Тој сега е задлжен за проектот Монца, екипа која е нов прволигаш во Италија, а Галијани пак соработува со Берлускони, како што тоа беше случај во златното доба на Милан.

- Оглас -

Најнови вести