Легендарниот Германец е тешко болен, веќе не може самостојно да носи одлуки

Легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер има големи здравствени проблеми, откри неговиот брат Валтер кој стравува од најлошото.

Според него, Франц Бекенбауер боледува од Алцхајмерова болест која во последниот период дополнително се слошила.

„Не се чувствува добро. Ако би ви рекол дека е добро, ќе ве излажам. А, јас не сакам да лажам“, откри Валтер и додаде дека неговиот брат не може самостојно да носи одлуки.

„Здравјето му е нестабилно. Секој шок по неговото тело може да биде фатален. Веќе не може самостојно да носи одлуки и памтењето му е оштетено.

Франц Бекенбауер е еден од тројцата луѓе кои триумфирале на Светско првенство и како фудбалер и како селектор. Германецот во 1974 година го крена шампионскиот трофеј како играч, а 16 години подоцна и како селектор.

- Оглас -

Најнови вести