Легендарниот Игита ја има најоригиналната порака за Коронавирусот (Фото+Видео)

Рене Игита ја има најоригиналната порака во битката со Коронавирусот, во време кога треба да се остане дома, за да се спречи ширењето на епидемијата.

Со фотографијата од мечот меѓу неговата Колумбија и Камерун и големиот кикс, кога излезе надвор од шеснаесетникот и се обиде да го дрибла Роџер Мила, па прими наивен гол, Игита порачува:

„Кога ви велат не излегувајте, послушајте и немојте да излегувате“. 

Игита е еден од најпопуларните голмани на светот во 80-те и 90-те години на минатиот век, а го паметиме и по неверојатната одбрана со салто, кога спречи на неверојатен начин топката да влезе во голот.

Сега со грешката од Мундијалот во 1990 година на оригинален начин им порача на сите луѓе на планетата да останат дома во битката со Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести