Легендарниот Карлос Тевес тргнува во борба против сиромаштијата и неписменоста во Аргентина

Легендарниот аргентински напаѓач, Карлос Тевес, се чини дека тргнува во (не)возможна мисија. Тој во моментов работи како тренер во својата татковина, во екипата на Индепендиенте. Во едно интервју вели дека најголемиот проблем кај неговите фудбалери, но и воопшто кај младите е сиромаштијата и неписменоста.

Тевес се одлучил да направи еден експеримент и после напорна вежба, да ги прашува своите фудбалери колку е 2 + 2. Вели, тројца не знаеја да одговорат на прашањето.

“Учењето е најдоброто средство за излез од сиромаштијата“ – со овие зборови го започнува своето интервју, па вели:

– “Можеме да им дадеме храна, материјална помош, но само со учење излегуваме од сиромаштијата. Да живее достоинствено и да знае да се снаоѓа. Важно е да учите, да знаете да читате и да знаете што потпишувате. Затоа ние и клубот решивме да започнеме посебен проект кој ќе гарантира учител за секое момче: по секој тренинг, оние на кои им треба ќе останат уште два часа да учат и да ги пополнат своите празнини.“

- Оглас -

Најнови вести