Легендарниот Кен Блок загина возејќи моторна санка

Еден од најпознатите рели возачи на сите времиња, Кен Блок, загина возејќи моторна санка во американската сојузна држава Јута. Блок, кој имаше 55 години, со санката возел по голема стрмнина, кога во еден момент загубил контрола, летнал во воздух, а потоа санката го поклопила.

„Со големо жалење потврдуваме дека почина Кен Блок. Тој беше визионер, пионир и икона, а пред сè, беше татко и сопруг. Многу ќе ни недостасува“, стои во соопштението од тимот на Блок, Хуникан рејсинг дивизија.

Само пред неколку дена Блок постираше фотографии од неговиот ранч во Јута, на кој се гледа и моторната санка.

Блок возел заедно со неколку свои пријатели, но во моментот на несреќата бил сам. Тој беше познат како голем вљубеник на екстремните спортови, а освен во рели, се имаше натпреварувано и во скејтбординг, сноубординг и мотокрос трките.

Имаше успешна кариера во WRC, каде што двапати завршуваше и на подиумот. Стана интернет-сензација со видеата што ги снимаше, на кои покажуваше возачки вештини како возење по екстремно тешки услови, но и правење неверојатни финти.

 

- Оглас -

Најнови вести