Легендарниот Леман ги провоцира Шпанците: „Тие се мали и неискусни“

Дуелот помеѓу Германија и Шпанија од четвртфиналето на Европското првенство за многумина е финале пред финалето. Распоредот за нокаут-фазата одлучи дека двете селекции кои прикажаа најдобар фудбал во досегашниот тек од шампионатот да се сретнат уште во четвртфиналето, па еден од фаворитите ќе мора да го заврши својот настап.

Легендарниот голман на Германија и Арсенал, Јенс Леман, со една контроверзна изјава предизвика големо незадоволство во Шпанија бидејќи фудбалерите ги нарече „мали и неискусни“. Оваа изјава се однесува на висината на фудбалерите, но и годините кои ги имаат.

Сепак, поранешниот голман е реален, па вели дека Шпанија во моментов е „малку подобра“ од Германија и е благ фаворит во четвртфиналната пресметка.

- Оглас -

Најнови вести